По сторијата на ТВ Стар за очајната животна состојба на Блага Милошевиќ, која во крајно нехумани и по живот ризични услови живееше сама во напуштена зграда, штипскиот градоначалник Иван Јорданов заедно со директорот на КБ Штип, Владко Захариев, реагираа итно. Таа веднаш беше пренесена во болницата и веќе е под лекарски надзор.
Блага ќе остане таму сè до нејзиното закрепнување, по што грижата за неа ќе ја преземат надлежните институции.


