Циклон од Јадранот предизвика поплави: центарот на Котор и Улцињ под вода

0
12

Силен циклон од Јадранското Море донесе обилни врнежи во регионот, предизвикувајќи поплави во Котор и Улцињ, каде под вода се центарот на градот, објекти и сообраќајници.
Силниот циклон од Јадранот донесе обилни врнежи во регионот, при што на југот на Далмација и во Херцеговина наврнале повеќе од 100 литри дожд, а на црногорското приморје и над 200 литри, што предизвикало поплави во Котор и Улцињ.
Најкритична е состојбата во Котор, чиј центар е целосно под вода, пренесуваат црногорските медиуми. Поплавени се бројни објекти, а сообраќајот се одвива многу отежнато.

Нивото на водата во Порт Милена во Улцињ е значително зголемено, а водата навлегла и во дрвените куќички за риболов.