Србија и Азербејџан заедно ќе градат гасна електрана кај Ниш

0
85

Србија и Азербејџан заеднички ќе градат гасна електрана со инсталиран капацитет од 500 мегавати, беше соопштено вчера за време на посетата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на Белград. Тој најави „значајни“ инвестиции во Србија.„Проектот за изградба на гасна електрана во Србија ќе биде една од најголемите инвестиции на Азербејџан во Европа“, рече Алиев на заедничката прес-конференција по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Азербејџан неодамна започна со испораки на природен гас во Србија, која досега беше претежно зависна од снабдувањето со руски гас.
Вучиќ оцени дека гасна електрана со Азербејџан би можела да се отвори во близина на Ниш во 2029 година.