Првото истражување на јавното мислење во Бугарија откако претседателот Румен радев поднесе оставка и најави учество на превремените избори покажува дека коалицијата околу него ќе победи на гласањето, но тоа нема да биде бран на триумф.
Доколку изборите се одржат сега, коалицијата околу Румен Радев би ги добила со 25,6 отсто од гласовите на оние кои рекле дека ќе гласаат. На второ место е ГЕРБ со 15,4 проценти, а на трето место е коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ со 12,5 отсто. Ова го покажува анкетата на социолошката агенција „Маркет линкс“, презентирана на бТВ утрово.
Партијата на Дељан Пеевски, ДПС – Нов почеток следи со 10,5 отсто и националистичката Преродба со 4,5 проценти.
Моментално застапените партии во парламентот, БСП, АПС, МЕЧ и Величие, остануваат под бариерата од 4 проценти за влез во парламентот, според „Маркет линкс“.


