Во скопското село Горно Количани биле пронајдени коски налик на човечки и парчиња облека, информира МВР.
Според информациите, случајот бил пријавен вчера попладне во месноста „Сулејманови ливади“. Увид на терен извршила екипа од СВР Скопје, а надлежните институции преземаат мерки за утврдување на потеклото на пронајдените остатоци и расчистување на настанот.
Случајот е евидентиран на подрачјето на Скопје, а истрагата е во тек.


