Во Париз, жандарми синоќа застрелааа вооружен маж. Тој нападнал жандарми со ножици кај Триумфалната капија. Жандармот се здобил со повреда на раката. Друг жандарм пукал во напаѓачот за да го запре.
Според информации од истражни кругови, човекот бил погоден со неколку истрели и бил однесен во болница, каде што починал како резултат на повредите. Претседателот на Франција,Емануел Макрон,на платформата X порача дека станува збор за исламистички терористички напад.
Познат на полицијата како лице со безбедносен ризик
Причината за нападот засега е непозната.
Сепак, француското антитерористичко обвинителство започна истрага, што значи дека се поаѓа од терористички мотив. Напаѓачот им бил познат на властите како лице со безбедносен ризик. Според информациите на весникот Ле Монд, се работи за радикален исламист.
Според обвинителството, Французинот роден во 1978 година нападнал тројца полицајци во метро станица во Белгија во 2012 година, исто така, со нож. Потоа е осуден на 17 години затвор поради обид за убиство, тероризам и други кривични дела. Во 2015 година е префрлен во Франција, а минатиот декември е ослободен од затвор. Оттогаш, француските безбедносни служби го следат.
Францускиот министер за внатрешни работи, Лорен Нуњез, изјави дека станувало збор за обид за напад за време на подготовките за палењето на таканаречениот Вечен пламен. Овој пламен, што се наоѓа под Триумфалната порта, е во чест на загинатите француски војници.
Превземено: Дојдевеле


