Организаторите на зимските Олимписки игри во Милано/Кортина се соочија со неочекуван проблем уште во првата натпреварувачка недела – остана без кондоми. Според пишувањето на италијанска „Ла Стампа“, сите 10.000 кондоми колку што бесплатно им беа достапни на спортистите во Олимпиското село се потрошија за само три дена. Организаторите, по тврдење на еден спортист кој инсистирал на анонимност, ветиле нова пратка, но не прецизирале кога ќе стигне.
Традиционалната делба на кондоми трае од летните Олимписки игри во Сеул во 1988 година, со цел промовирање на безбедни сексуални односи меѓу спортистите. Но, бројката од 10.000 кондоми за 2.900 спортисти, нешто повеќе од три во просек по лице, се покажа недоволна.
Колку за споредба, на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година беа поделени дури 450.000 кондоми или 42 по лице. Во Париз воп 2024 година имаше повеќе од 200.000, а во Токио во 2021 година, и покрај ограничувањата поради пандемијата на ковид-19, беа достапни 160.000 примероци. На зимската Олимпијада во Пјонгчанг беа набавени и ставени на располагање 110.000. Од тука е јасно дека бројката на набавени кондоми на Игрите во Милано/Кортина е значително помала во однос на претходните Олимпијади, објави Телма.


