Масовно во Штип на Градските гробишта вчера попладне и денес се одбележува Задушница. Илјадници блиски на починатите беа на нивните вечни почивалишта кадена традиционлаен начин им оддадоа почит. За разлика од претходниот период сообраќајниот ред беше на високо ниво, а гужвите избегнати.
Клучно за ова е одлуката на Брегалничката епархија која од пред извесно време воведе нов распоред во присуството на свештениците на гробовите со што и практично се стави ред.
Оваа Задушница е прва во низата од три кои се одбележуваат во текот на годината.


