Утрово избувна пожар во Будакеши, во близина на Будимпешта. Пламените целосно го зафатија покривот на двокатната зграда – хотел на улицата Зичи Петер – и се верува дека причина за пожарот е експлозија на плинска боца. Пожарникарите евакуираа неколку луѓе во утринските часови и пронајдоа три тела, двајца мажи и една жена, во урнатините.Пожарот ја изгоре целата кровна конструкција на двокатната зграда, а според досегашните информации, повредени се околу 20 лица. Градоначалничката на Будакеши, Отилија Ѓер, објави на Фејсбук дека има смртни случаи и тешки повреди. Според неа, покривот на хотелот се запалил во текот на ноќта.
На 22 лица им е укажана помош – четворица се во животно-загрозувачка состојба, тројца се во сериозна состојба, а 15 се здобиле со полесни повреди. Повредените се однесени во осум болници во Будимпешта.Се верува дека пожарот започнал околу 2:15 часот наутро поради експлозија на плинска боца.


