Центарот на Атина денеска е под силно полициско обезбедување и сообраќаен метеж, додека колони трактори и конвои со земјоделци од цела Грција пристигнуваат на најавениот голем протест пред Хеленскиот парламент.Главниот собир на плоштадот Синтагма е закажан за 16:00 часот, а организаторите најавуваат дека ќе останат таму во текот на целата ноќ.
Земјоделците бараат итно намалување на трошоците за производство, загарантирани цени за нивните производи и итни измени во државниот осигурителен систем за компензација на загубите. Иако претходно имаше средби со премиерот Киријакос Мицотакис, земјоделските здруженија велат дека не е понудено решение што ќе ја запре кризата во секторот.


