Една личност загина, а повеќе се повредени денеска во Сараево кога градскиот трамвај излетал од шините и завршил на една од најфреквентните улици во близина на Земјишниот музеј на БиХ и Амбасадата на САД.
Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне, пробивајќи ја заштитната ограда и лизгајќи околу десетина метри по коловозот. Целиот преден дел од трамвајот е уништен.
Во оваа несреќа загинала жена која била стисната од трамвајот при излетувањето, а за да дојдат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја сечат оштетената конструкција на возилото.


