Собранието на Косово на синоќешната вонредна седница, по речиси една година политички застој, ја избра новата Влада предводена од Албин Курти. Со 66 гласови „за“ и 49 „против“, Курти го официјализираше својот трет мандат на чело на извршната власт.
Во своето експозе, Курти најави амбициозна агенда со фокус на економијата и безбедноста.
Против новата влада гласаа опозициските ДПК, ДСК, ААК и Српска листа, кои упатија остри критики за големината на кабинетот и наводното непочитување на малцинските права.


