Изгоре ресторанот „Мала гостиона“ во Палиќ, отворен уште од 1852-ра година

0
20

Ресторанот „Мала гостиона“ кој денес се запали е основан во 19 век, а претходникот на денешната гостилница бил отворен уште во 1852 година и речиси два века е дел од туристичката понуда на Палиќ.

Пожарот, кој избувнал околу 5.00 часот утринава во ресторанот „Мала гостиона“ во градот Палиќ, бил локализиран два часа подоцна.

Нема повредени луѓе, а во тек е догаснување на пожарот. Во акцијата за гаснење учествувале 10 возила со 18 пожарникари.

Според сознанијата, огнот многу брзо се проширил и зафатил и околни објекти, при што е причинета голема материјална штета.

На местото на настанот во најкраток рок бил упатен поголем број пожарникарски екипи од централата во Суботица, како и припадници на доброволни противпожарни друштва од приградските населби, но објектот, и покрај брзата и координирана интервенција, во најголем дел изгорел.

Причината за пожарот засега не е позната, а повеќе информации се очекуваат по увидот на надлежните служби.

Ресторанот „Мала гостиона“ е основан во 19 век. Претходникот на денешната гостилница бил отворен уште во 1852 година и речиси два века е дел од туристичката понуда на Палиќ.

Превземено: Слободенпечат