80 ден. за прва, 70 ден. за втора и 60 денари за трета класа. Владата ги објави субвенциите за тутунот, согласно усвоената Програма за директни плаќања во земјоделството за 2026 година, со која се утврдуваат субвенциите за тутун од реколтата 2025. Цените се однесуваат на ориентален ароматичен необработен тутун од типовите Прилеп и Јака.


