По два месеца политички застој, Бугарија конечно доби име за предводник на привремената влада. Претседателката Илијана Јотова одлучи заменик-гувернерот на Народната банка, Андреј Ѓуров, да ја составува и води владата што ќе го подготви теренот за парламентарните избори, закажани за 19 април. Состанокот за официјално доверување на мандатот ќе се одржи утре, на 12 февруари, во „Дондуков“ 2.
Ѓуров е поранешен пратеник и лидер на парламентарната група на ПП, а во 2023 година стана заменик-гувернер на НББ


