Наградата за Спортист на годината и Најдобар сениор 2025 – Штип ја доби каратистот и македонски репрезентативец Љупчо Михајлов. 20-годишниот Михајлов е член на клубот „КК – Штип“ веќе 11 години а во 2025-та постигна огромни успеси на државните но и на меѓународните натпреварувања претставувајќи ги боите на Македонија. Наградата за животно дело во областа на спортот оваа година ја доби рекордерот по државни титули во борење и апсолутниот победник Дејан Митров а наградата за Жена-Спортист на годината ја доби Марија Анчева…


