Три супермаркети и две компании во Грција казнети за прекршување на одредбата за плафон на бруто-профитната маржа

0
47

Казни во вкупен износ од 1,05 милиони евра изрекла Независната управа за контрола на пазарот и заштита на потрошувачите на три големи супермаркети и две прехранбени компании во Грција, поради прекршување на одредбата за плафон на бруто-профитната маржа кај вкупно 65 производи, јави дописничката на МИА од Атина.Според соопштението на Управата, казнети се супермаркетите Лидл за 26 производи (670.925 евра), Алфа Вита Василопулос за 22 артикли (109.900 евра) и Маркет Ин за 12 продукти (72.370 евра), како и компаниите Нестле за четири артикли (144.700 евра) и Флора Фуд за еден производ (52.870 евра).

Контролите во маркетите биле во периодот мај – јуни 2025 години, а во компаниите во на крајот од 2023 година.