ТППЕ Кочани засилена со „Татра“. Ново противпожарно возило со капацитет од 10 тони, донација од Република Чешка

0
53

ТППЕ Кочани денес доби донација од Амбасада на Република Чешка, противпожарно возило „Татра“ со погон на шест тркала, висок клиренс, пумпа за вода со јачина од 760 килопаскали и капацитет од 10 тони.

Примопредавањето на донацијата беше во присуство на амбасадорот на Република Чешка во Македонија, Јарослав Лудва, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов како и командирот на ТППЕ Кочани Драган Апостолов.