Нашата главна верзија и за „Петрохан“ и за „Врвот Околчица“ е убиство со последователно самоубиство или самоубиство, истакна денеска заменик претседателката на Софиското апелационо обвинителство Наталија Николова денешната прес-конференција во врска со истрагата за случајот „Петрохан“, објавија бугарските медиуми. Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да биде поврзан со затворена заедница со елементи на култ и педофилија.
Последните три тела – двајца мажи и едно 15-годишно момче – биле пронајдени во камп во близина на планината Околчица, на околу 80 километри од планинско засолниште каде претходно беа откриени уште три жртви. Директорот на бугарската национална полиција, Захари Васков, изјави дека сите тројца биле осомничени во претходното тројно убиство. досега се испрашани 15 сведоци, вклучувајќи малолетници и малолетни лица блиски до жртвите.


