Колку повеќе време поминува од берењето до консумирањето на една намирница, толку помалку хранливи материи таа содржи. Затоа, исхраната во зима треба да се темели на сезонски и локални производи, а да се избегнуваат оние што се увезени и долго складирани.
Намирници што не се идеални во зима:
Праски – увезени и без сочност- Наместо нив: цитрусно овошје
Свеж грашок – брашнест и со слаб вкус-Наместо него: замрзнат грашок
Јагоди – без мирис и вкус, долго складирани-Наместо нив: замрзнато шумско овошје
Домат – губи вкус и ликопен по складирање- Наместо него: конзервиран пелат или пасиран домат
Боровинки – скапи и помалку хранливи- Наместо нив: замрзнати боровинки
Заклучок
Во зима, замрзнатото овошје и зеленчук често е подобар избор од свежо, но увезено. Тие се замрзнуваат во периодот на најголема зрелост и ги задржуваат хранливите вредности.



