Додик се заканува со одвојување на Република Српска од БиХ

0
142

Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, најави дека по победата на неговиот кандидат за претседател на ентитетот ќе преземе нови чекори кои, како што самиот призна, водат кон издвојување на Република Српска од Босна и Херцеговина иако тврдеше дека не се залага за сецесија, туку за „изворен Дејтон“.
На прес-конференција во Бања Лука, Додик изјави дека победата на кандидатот на неговата партија, Синиша Каран, ја гледа како потврда дека политиката што ја водел била исправна и како поттик да продолжи уште поодлучно.
„Сега ќе мораме на дневен ред да ги ставиме нашите суверенистички одлуки“, изјави Додик