Во Нови Сад ќе се гради споменик „Мајка Македонија“

0
64

Претседателката на Покраинската влада на Војводина, Маја Гојковиќ, денес во разговор со претставници на Националниот совет на Македонското национално малцинство (НСМНМ) изјави дека Покраинската влада ќе ја поддржи изградбата на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад, што дополнително ќе ги продлабочи односите меѓу Република Србија и Република Северна Македонија.
На состанокот била истакната добрата соработка што ја постигна НСМНМ со Покраинската влада, се наведува во соопштението на Советот. Претседателката на НСМНМ, Зорица Митровиќ, нагласи дека Покраинската влада обезбедува континуирана институционална поддршка во областа на остварувањето на правата и видливоста на националните малцинства, како и дека Македонската заедница ги ужива сите права во Република Србија.