За влез во САД прво чешлање на вашите статусти и лајкови на социјалните мрежи

0
59

Царинската и гранична заштита на САД (ЦБП) најавува заострување на правилата за влез во земјата, со што кандидатите за туристичка виза и безвизно патување преку системот ЕСТА ќе мора однапред да откриваат информации за својата активност на социјалните мрежи.
Според предложените измени, патниците ќе треба да достават податоци за присуството на социјалните мрежи во последните пет години, како и информации за телефонски броеви и е-адреси користени во изминатиот период. Сепак, сè уште не е прецизирано како точно ќе се применуваат овие правила.
Предлозите беа објавени во Федералниот регистар на САД, а по истекот на рокот за приговори, американските власти ќе одлучат дали и кога измените ќе стапат во сила.