На Државното првенство во борење за кадети и помлади сениори, одржано во салата на „ОУ Тошо Арсов“ – Штип, Боречкиот клуб „Балканец“ предводен од тренерите Мики Тодоров, Давор Тасев и Мијалче Ананиев овои 18 медали од кои 11 злата, 2 сребра и 5 бронзи. Кај мажите до 23 години, во своите категории злата освоија Стефан Стојков и Дарио Димитров, исто така кај помладите злато освоија и Лука и Марио Ананиеви, Зоран Шоров, Христијан Димитриев и Јован Балабанов. Во женска категорија апсолутната доминација на БК Балканец продолжи и злата добија Анабела Данилова, Мелани Митевска, Викторија Ѓурова и Марија Цветанова во своите тежински категории. Исто така, Боречкиот Клуб Киро Ристов од Карбинци забележаа огромен успех со 4 медали, Викторија Спасовска освои злато и дополнително освоија 2 сребра и една бронза. Државното Првенство во Борење продолжува и викендов во салата Тошо Арсов – Штип, каде ќе се борат сениорите во сите тежински категории.


