Пациентка од Србија ќе биде првата личност во светот што ќе започне лекување со руската персонализирана вакцина против рак. Станува збор за Јована Алексиќ, која боледува од меланом со метастази, а терапијата треба да започне во рок од еден до два месеца, соопшти д-р Сергеј Бољевиќ од Сеченовскиот универзитет во Москва.
Вакцината се подготвува индивидуално за секој пациент на Институтот „Гамалеја“ и не претставува клиничко испитување, туку реален третман. Таа се базира на вештачка интелигенција која му помага на имунолошкиот систем да ги препознае и уништи канцерогените клетки.
Засега вакцината е одобрена за примена кај меланом и рак на белите дробови, а терапијата вклучува 10 дози на секои две недели. Првичните резултати се очекуваат по втората или третата доза, а официјалните податоци ќе бидат презентирани на меѓународна конференција во Сочи на почетокот на април.


