Жителите на нишката населба Палилула се потресени од бруталното убиство на 44-годишната А.Ш., која беше ликвидирана со огнено оружје пред својата куќа. Осомничениот Д.Г. е уапсен неколку часа по инцидентот.Според информации, несреќната жена го однела своето дете во градинка, а додека се враќала дома, напаѓачот ја чекал во заседа. Кога А.Ш. влегла подлабоко во улицата, на пат кон домот, тој испукал три истрели, заминал, а потоа се вратил и испукал уште еден „контролен“ истрел, за да се увери дека жртвата е мртва.
Жртвата и напаѓачот, наводно, биле кумови. А.Ш. е поранешна ракометарка и живеела со својата мајка и детето по разводот од сопругот Ѓорѓе М., кој загинал во експлозија во 2017 година.


