Жена убиена во Ниш.Го одвела детето на училиште, маж ја убил со пиштол кога се враќала дома

0
57

Жена била убиена утринава во Ниш. Напаѓачот, чијшто идентитет сè уште не е познат, е во бегство.

Според неофицијални информации, во моментот на злосторството 44-годишната жена се враќала со автомобил кон дома, откако го одвела детето на училиште. Мажот пукал во неа додека таа свртувала.
Убиецот по злосторството побегнал и полицијата трага по него.
Според тврдењата на очевидци, маж, кој се затекнал на местото на настанот, се сретнал со убиецот.