Се реконструираат клучни улици во Виница и Делчево. Берово со повик за проекти за локална демократија

0
67

Општина Виница започна со реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улица „Ванчо Прке“, која ја поврзува Виница со населбата и селото Градец.
Проектот опфаќа замена на водоводната мрежа во должина од 558 метри со нови полиетиленски цевки, како и реконструкција на канализационата мрежа во должина од 543 метри, со цел трајно решавање на долгогодишните дефекти.

Во исто време, Општина Делчево започна со градежните работи на улицата „Видое Смилевски-Бато“ во населбата Расадник, долга 180 метри. Проектот вклучува изградба на фекална канализација и потпорен ѕид поради специфичниот терен.
Вредноста на проектот изнесува 6,5 милиони денари, средства од Владата преку Министерството за транспорт и врски.

Општина Берово упати Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан. Целта е да се зајакне учеството на граѓаните и партнерството меѓу општината и граѓанските организации. Приоритетни области се-Локален економски развој и туризам, Култура и културно наследство, Социјална заштита и човекови права, Животна средина, енергетска ефикасност и климатски промени, Млади и спорт
Аплицирањето тече од денес петти февруари а крајниот рок е петти март оваа година.