Земјоделците во Грција следната недела повторно ќе протестираат, но овојпат наместо граничните премини и пристаништата ќе ја блокираат Атина. Протестот е закажан за 13 и 14 февруари, кога на улиците на главниот град ќе ги паркираат тракторите и земјоделските возила Земјоделците, кои речиси два месеци, во декември и јануари беа на патиштата и граничните премини, преку протестот во Атина, сакаат уште еднаш да ги истакнат нивните барања, за кои сметаат дека не се решени.


