Гази Баба ќе субвенционира полагање на возачки испит

0
47

Оштина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на млади за полагање на возачки испит. На повикот може да аплицираат млади од 18 до 25 години кои се жители на општината.
Објавен е ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на младите за полагање на возачки испит – конкретна мерка, реална поддршка, јасна порака: младите се наш приоритет
Кој може да аплицира? = Млади од 18 до 25 години;
Жители на Општина Гази Баба;
Поднесено барање во Архивата на Општината;
Уплата во регистрирана авто школа.
Потребна документација:
Копија од лична карта;
Копија од трансакциска сметка;
Доказ за извршена уплата (оригинал);
Тековна состојба на авто школата (не постара од 2 месеци);