Тројно убиство ја потресе Бугарија

0
63

Тројцата убиени мажи што вчера биле пронајдени во поранешниот планинарски дом „Петрохан“ на Стара Планина во Бугарија биле припадници на паравоена ренџерска агенција, јавија бугарските медиуми. „Петрохан“ се наоѓа север-северозапад од главниот град на Бугарија.
Трите жртви пронајдени убиени во „Петрохан“ се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), објави бТВ. Тие биле членови на паравоена организација.
Станува збор за „Национална агенција за контрола на заштитените подрачја“ (НАКЗТ), регистрирана во 2022 година како здружение, меѓу чии цели се наведени „сложена основна и последователна специјализирана обука на персонал за позициите „планинска патрола“ и „ренџер“.
Според bTV, водечките верзии на кои ќе се работи денеска вклучуваат сè, од убиство до ритуално самоубиство. Се собираат податоци за починатите, се испрашуваат нивните познаници и роднини, се следат податоците за сообраќајот, како и снимки од безбедносни камери и камерите на РИА.
Тројцата мажи беа пронајдени со прострелни рани во главите. Оружје било пронајдено и покрај нивните тела. Бил направен обид за палење на објектот.