За влакно избегната трагедија на Матка: Карпа се урна пред посетители, без повредени

0
100

Одрон на карпа на пешачка патека во Кањон Матка за малку ќе завршеше со трагедија, откако огромна карпа се урна само неколку секунди по поминувањето на посетители.
Инцидентот се случил на 7 јануари, а за среќа нема повредени. Настанот повторно ја отвора загриженоста за безбедноста на патеките, особено во зимскиот период кога ризикот од одрони е зголемен. Засега нема официјална информација за преземени мерки од надлежните служби, пренесува Курир.мк.