Дрога во гаража! Српската полиција заплени 500.000 таблети со психоактивни супстанции

0
66

Во гаража во Земун полицијата заплени неколку стотици илјади лекови лензедин и Ривотрил, кои содржат психоактивни супстанции.
Со оваа акција, според оперативните сознанија, е спречен шверц на лекови во Скандинавија, каде што криминални групи ги продаваат на уличниот пазар.
Пазарната вредност во Скандинавија била помеѓу 150.000 и 200.000 евра.
Двете лица се задржани до 48 часа и ќе бидат приведени во надлежното обвинителство со кривична пријава.