Новo истражување објавено во Nature Communications покажува дека лицата кои го преживеале ракот во детството биолошки стареат побрзо од своите врсници. Овој процес се случува на клеточно ниво и е поврзан со зголемен ризик од идни заболувања, како и проблеми со меморијата, вниманието и концентрацијата.
Во студијата биле анализирани над 1.400 преживеани од рак во детството, а резултатите покажале дека хемотерапијата најмногу придонесува за забрзано стареење. Според научниците, околу 40 отсто од овие лица подоцна во животот се соочуваат со трајни когнитивни потешкотии.
Сепак, експертите истакнуваат дека процесот може да се забави преку здрав начин на живот – редовна физичка активност, здрава исхрана и откажување од пушење. Пораката е јасна: навремената грижа за сопственото здравје може да значи подолг и поквалитетен живот.


