По бугарско-американска операција – најголемите пиратски торент сајтови беа отстранети

0
75

Трите најголеми сајтови со пиратски содржини во Бугарија – Замунда, Арена и Зелка, беа соборени во меѓународна операција во која учествуваа Европол, Бугарската агенција за борба против пиратерија, американските служби, Агенцијата за национална безбедност, истрагата и обвинителството. Четири лица се приведени во случајот се пофали денес министерот за внатрешни работи во заминување, Даниел Митов. Сепак, тој одби да открие што точно правеле уапсените лица.
Сепак, проверката од Клуб З покажа дека иако Zelka.org и ArenaBG навистина се соборени, и „zamundi“ – со екстензиите .se и .net – сè уште работат. И претходно имаше обиди да се соборат, кои беа неуспешни.
Од пораките што се отвораат на затворените сајтови, јасно е дека причината за нивното суспендирање е врз основа на судска наредба издадена во САД.