Ќе добијат ли општините гробишта за миленици?

0
54

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов одржа работни состаноци со министерот за локална самоуправа Златко Перински и со градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. На состаноците беше разговарано за заедничко решавање на прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи.
Институциите изразија целосна поддршка за изградба на гробишта за домашни миленици во општините, со што ќе се реши долгогодишен проблем со несоодветно отстранување на труповите на милениците. Најавено е и дефинирање соодветни локации и потребни законски измени.
Разгледани беа и мерки за справување со проблемот со бездомните кучиња, преку поголемо вклучување на општинските служби и воспоставување прифатилишта. АХВ најави техничка поддршка за општините во рамки на своите надлежности, соопштија денес од АХВ.