Ј.П. „Стипион 2011“ ја обновува хоризонталната светлечка сигнализација во Штип

0
51

Јавното претпријатие „Стипион“ интензивно започна со обнова на хоризонталната светлечка сигнализација во сите реони на Штип. Привремено се отстранети дел од светлечките елементи со цел сервисирање како редовна обврска на економскиот оператор. Во овој контекст, Ј.П. „Стипион“ се обрати со соопштение до јавноста.

„Согласно договорот за инсталирање и тековно одржување на хоризонталната светлечка сигнализација, од страна на Економскиот оператор во текот на вчерашниот ден привремено се остранети дел од светлечките сообраќајни елементи со цел нивно сервисирање како редовна обврска на економскиот оператор.
Во најкраток временски период сите сообраќајни елементи ќе бидат сервисирани, а оштетените заменети и вратени на својата позиција на трошок и обврска на фирмата изведувач без никаква дополнителна финансиска импликација за јавното претпријатие, кое е предвидено и во рамки на договорот меѓу јавното претпријатие и економскиот оператор.“, стои во соопштението на Ј.П. „Стипион“ – Штип.