Здружението на превозници на Црна Гора соопшти дека ги прекинува граничните блокади на товарниот сообраќај, откако со Владата постигнало договор за пакет мерки што треба да ја олеснат работата на транспортните компании и да го намалат притисокот врз снабдувачките ланци. Одлуката е донесена по преговорите кои беа одржани денес.
Според објавените детали, договорено е повратот на ДДВ за транспортните компании да се врши во законски предвидениот рок, да се изготви предлог за бенифициран работен стаж за возачите, како и да се продолжи работното време на одредени гранични инспекции, со цел да се намалат застојот и административните „гушења“ на премините.


