Министерката Диела ја „уби“ – корупцијата: Нејзините создавачи уапсени под сериозни обвиненија за злоупотреба

0
57

Премиерот Еди Рама минатата година му ја претстави на светот Диела – првата дигитална министерка создадена од вештачка интелигенција. Аватарот облечен во национална носија требаше да ја направи транспарентна распределбата на владини договори за тендери, со образложение дека вештачката интелигенција „нема лични интереси, роднини и никогаш не се заморува“.
Облечена во традиционална носија и со широка насмевка, Диела требаше да биде лицето на борбата на албанската влада против корупцијата. Симбол на посветеноста на Тирана во борбата против овој сериозен општествен проблем.Сепак, иновативната идила заврши со гласен скандал.
На 16 декември, албанското Специјално обвинителство за борба против корупција и организиран криминал објави дека поднело обвиненија против осум албански државјани, вклучувајќи ја директорката на Националната агенција за информатичко општество и нејзиниот заменик. Оваа институција, која управува со дигиталната инфраструктура на владата, надгледува значителен број јавни онлајн системи во Албанија, вклучувајќи ја и познатата министерка генерирана од вештачка интелигенција, Диела.Овој скандал ја доведе во опасност валидноста на владиниот експеримент: експертите сега се прашуваат дали корумпираните инвеститори можеле да ги изменат алгоритмите на Диела од самиот почеток за да дозволат сомнителните договори да се протнат.

Премиерот Еди Рама останува оптимист, наведувајќи дека самиот факт за откривањето на инвеститорите сведочи за успехот на антикорупциската реформа, дури и ако таа започнува со апсењата на оние што го напишале антикорупцискиот законик.