Црна Гора ризикува да се соочи со недостиг на гориво поради протестите низ целиот регион и блокадата на јадранското пристаниште Бар од страна на возачите на камиони поради рестриктивните правила за влез во ЕУ
Пристаништето Бар е најголемата влезна точка за увоз на странски горива во Црна Гора, која нема сопствен капацитет за рафинирање на нафта.. Исто така, таму се наоѓаат најголемите складишта за гориво во земјата.
Според извештаите на локалните медиуми, моменталните залихи на горивото достапно на бензинските пумпи се намалени, што би му овозможило на пазарот да работи само уште неколку дена.
Министерството, исто така, ги повика луѓето да избегнуваат купување прекумерни количини гориво на бензинските пумпи.


