Хрватска: Возачи на камиони шверцувале кокаин во Европската Унија

0
56

На неколку локации низ Хрватска денеска се спроведуваат апсења и истражни дејствија против повеќе лица осомничени за вмешаност во меѓународна трговија со дрога.Осомничената група била откриена откако полицијата и Kанцеларија за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал успеале да ја пробијат шифрираната комуникација преку апликацијата Sky ECC.
Постои сомневање дека осомничените делувале како транспортна мрежа за меѓународни трговци со дрога, кои ги ангажирале за пренос на наркотиците меѓу земјите од Европската Унија, во замена за пари.
Наводно, дрогата била транспортирана со камиони преку легално регистрирани транспортни компании, а пратките се движеле низ неколку земји од Западна Европа, како и во повеќе наврати кон Хрватска.