И покрај обилните врнежи од дожд што во изминатиот период ја зафатија речиси целата територија на Македонија, засега нема ризик од излевање на реките, информираат од АД „Водостопанство“ – Брегалница“ – Подружница Кочани.
Од таму посочуваат дека состојбата на водостоите во источниот регион внимателно се следи и дека сите водотеци се во рамки на нормалата. Надлежните служби се постојано на терен и вршат редовен мониторинг, со цел навремено да се реагира доколку дојде до промена на состојбата.


