Државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница за тројно убиство во земјава е уапсен во Тирана, Албанија по неколкумесечна интензивна истрага и претрес спроведена од полицијата.
Станува збор за 52-годишниот Б.Ш, кој долго време се криел во Тирана користејќи фалсификувани лични документи на име на граѓани од Косово.Апсењето го извршила тамошната Дирекција на силите за специјални операции при Одделот за криминалистичка полиција, како дел од 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативна полиција“, пренесува приштински „Репортери“.
Според наведеното, Б.Ш. е осомничен дека убил тројца граѓани со огнено оружје на 5 октомври 2007 година во селото Копаница, скопско.


