Гускината маст некогаш била задолжителен дел од секој домашен аптекар, особено при кашлица, бронхитис и проблеми со белите дробови. Денес е речиси заборавена, иако повторно се споменува како природна поддршка за респираторниот тракт и имунитетот.
Иако не може да ја замени медицинската терапија, стручњаците посочуваат дека гускината маст може да помогне во олеснување на дишењето и побрзо закрепнување, благодарение на нејзиниот состав сличен на маслиновото масло.
Богата е со омега-3 масни киселини, цинк, селен, витамини од Б-комплексот и витамин Е, што може да придонесе за намалување на воспаленијата и зајакнување на имунитетот.
Најчесто се користи надворешно – со втривање на градите и грбот, при што топлината помага во разредување на секретите.
Напомена: Не се препорачува за лица со покачен холестерол, бремени жени, мали деца и лица со заболувања на црниот дроб, без претходна консултација со лекар.


