Во полициска акција во Сараево уапсени се 15 луѓе поради разработена шема во која се фалсификувале полагањата на испити за возачки дозволи. Во тек се претреси на повеќе од 15 локации, пренесуваат босанските медиуми.
Обвинителството на Кантонот Сараево објави дека под истрага се неколку членови на Комисијата, помошникот-министер за образование, кој е задолжен за сообраќај и сопственикот на автошкола во Сараево.
Обвинителството сè уште не ги објави деталите за акцијата, а не е познато од колку кандидати осомничените земале мито за да го положат возачкиот испит. На акцијата ѝ претходеше неколкумесечно следење на сомнителните активности на уапсените лица.


