Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка и побара определување мерка притвор за 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, осомничена за семејно насилство и телесна повреда на сопругот.
Според информациите од обвинителството, на 25 јануари во утринските часови, осомничената била во алкохолизирана состојба, со утврдени 2,61 промили алкохол во крвта. По вербална расправија во семејниот дом, таа физички го нападнала сопругот, при што му нанела телесни повреди со остар предмет и дополнително го повредила по вратот и телото.
Против жената е поведена постапка за кривично дело „Телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител, ценејќи ги околностите и тежината на делото, до Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка притвор.
Надлежните институции продолжуваат со постапувањето по случајот.


