Највисоката плата во Црна Гора е речиси 300.000 евра

0
88

Највисок месечен приход во Црна Гора минатата година остварил човек од Подгорица вработен во неспецијализирана трговија на големо, чиј приход изнесувал речиси 300.000 евра, објави Даночната управа.Вториот највисок месечен приход го остварило лице од Подгорица, вработено во услужни дејности во воздушниот транспорт, во износ од околу 230.000 евра.
На третото место е странски државјанин кој изнајмува недвижен имот во Херцег Нови, со месечен приход од 164.582 евра, додека четвртата позиција му припадна на лице кое остварило приход од 156.400 евра од коцкање и обложување во ноември.