МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГИ ПРОГЛАСИ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ ЗА 2025 ГОДИНА

0
62

Во Македонска Каменица успешно беше одржано второто издание на манифестацијата „Спортист на годината“, на кое беа наградени најуспешните спортисти, екипи, тренери и спортски работници за 2025 година. Настанот потврди дека оваа манифестација прераснува во значаен и препознатлив спортски настан од локално значење.
За најдобар спортист во сениорска машка конкуренција беше прогласен Кристијан Анастасовски, додека признанието за најдобра спортистка во женска конкуренција ѝ припадна на Ивана Кметовска. Во екипна конкуренција, ШКК Каменица Саса е најдобра машка сениорска екипа, а ЖКК Баскет Кам – најдобра женска сениорска екипа. За најуспешни младински екипи беа наградени ФК Каменица Саса (2014) и ЖФК Каменица САСА (2011).
Плакети за животно дело им беа доделени на Лазо Јовановски, како и постхумно на Перо Стојановски, за нивниот траен придонес во развојот и афирмацијата на спортот во Македонска Каменица. За тренери на годината беа прогласени Зоран Златковски (сениори), Драгана Костова (младинци) и Ален Миленковски (детска конкуренција).
Признанија добија и повеќе истакнати спортисти и млади таленти, а посебни награди беа доделени на Општина Македонска Каменица, Мултимедијалниот сервис „Каменица.Мк / МедиаПоинт“ и компанијата „ПАЛМАС“ ДООЕЛ за поддршката и вложувањата во спортот.
Манифестацијата е во организација на Здружението на граѓани „Багери“, со голем придонес на претседателот Звонко Прангов, како и бројни спонзори, благодарение на кои „Спортист на годината“ станува традиција и силен мотив за младите генерации, пренесува Каменица.мк.