Кој сака да живее на грчки остров сега има шанса. Даваат 500 евра и сместување, предност имаат семејствата со деца

0
62

На малиот грчки остров Антикитера, кој се наоѓа во Егејското Море помеѓу Крит и Пелопонез, се случува нешто необично – локалната заедница од само 45 жители одлучи да покани нови семејства и работници да им се придружат.
Целта е едноставна, но амбициозна: да се подмлади островот и да се спречат сè повидливите празнини во заедницата.
За оние кои сакаат драстична промена во својот живот, ова не е само приказна за преселба – ова е можност целосно да го променат својот секојдневен живот, во мир и природна околина, со поддршка што ги олеснува првите чекори во нова средина.
Програмата е развиена како одговор на намалувањето на населението и одливот на мозоци, бидејќи повеќето сегашни жители се над 50 години и имаат многу малку деца, пишува Блиц.
Моментално, има само 45 постојани жители
Вејн Милс, менаџер за операции во меѓународната логистичка компанија „Севен Сис Ворлдвајд“, вели:
„Антикитера моментално има само 45 постојани жители, па затоа е мирна и блиска заедница. Тие се особено заинтересирани да привлечат млади семејства за да го ревитализираат островот и да ја вратат неговата младешка енергија, па затоа ќе бидете повеќе од добредојдени кога ќе пристигнете!“
Според „Елксис“, грчка компанија за недвижности и правни услуги, програмата била организирана од Грчката православна црква во Китри, на која ѝ припаѓа Антикитера, со цел да привлече пекари, рибари и семејства со деца.
Покрај финансиските стимулации, новата иницијатива вклучува помош при запишување на децата во локалните училишта, интегрирање во заедницата и учење на грчкиот јазик, за да им се олесни на имигрантите да се прилагодат на животот на островот.
Слични програми веќе постојат на други мали грчки острови, но Антикитера се издвојува со својата минимална популација и мирна, природна околина, идеална за оние кои бараат побавен, рурален живот покрај морето, известува Фактор.мк/ Бизпортал.рс.