Државата ќе гради згради во Штип, Скопје и Битола

0
44

Проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, како и тендерски постапки за избор на изведувач за два комерцијални објекта во Охрид и во Битола планира годинава Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен прстор од значење за државата АДИССДП. Оттаму велат дека стабилизирањето на цените на пазарот на недвижности не зависи исклучиво од еден чинител и оти процесот е условен и од пошироките економски услови и пазарни движења, поради што решенијата бараат координиран и долгорочен пристап.

Програмата за работа на АДИССДП за 2026 година е насочена кон континуитет и проширување на активностите во делот на станбената изградба на повеќе локации во државата. Согласно Годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на Република Северна Македонија, која е во моментов предмет на одобрување од страна на Владата, планирани се активности за проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, вели Марјан Стефановски, директор на АДИССДП кој во изјава за МИА ги сподели плановите за работа на АДИССДП за 2026 година.

Покрај планските активности, Стефановски вели дека продолжуваат и тековните инвестициски проекти. Во Скопје, во градската четврт Даре Џамбаз, во близина на поранешната воена пекара, во тек е изградба на комерцијален станбен објект со 112 станбени единици, кои веќе се целосно продадени. Паралелно, започната е изградба на комерцијална станбена зграда во Битола со 65 станбени единици, а во овој град е предвидена изградба и на уште еден станбен објект со вкупно 60 станови.

Дополнително, програмата предвидува реализација на два комерцијални станбени објекта во Охрид со вкупно 130 станбени единици. Во наредниот период се очекува започнување на тендерска постапка за избор на изведувач за еден од објектите во Охрид, како и за планираниот станбен објект во Битола.

Превземено/Остатокот од статијата: https://nezavisen.mk/drzhavata-planira-izgradba-na-novi-zgradi-vo-shtip-bitola-i-skopje/